Јужнa Кореја воведува дигитална возачка дозвола

- Advertisement -

Се ближи денот кога повеќе со нас нема да мора да носиме паричник со документи, картички и сл. затоа што се што ќе ни треба ќе го имаме во мобилните телефони. И денес во поголемите градови не ви е потребно да носите кеш со себе затоа што речиси сите ресторани, продавници, кафулиња нудат можност за плаќање со картичка или бесконтактно плаќање со мобилен телефон.
Следниот чекор кој би можел целосно да не ослободи од носењето паричник со нас е дигитализацијата на личните документи, кои исто така би ги носеле во телефоните. Голем чекор напред во тој правец направи Јужна Кореја, каде што мобилните оператори во соработка со полицијата развиваат дигитална возачка дозвола. Три мобилни оператери (SK Telecom, KT и LG Uplus) моментално ја користат апликацијата PASS за идентификација, а истата апликација имаат намера да ја користат и како официјален дигитален документ кој ќе ја замени возачката дозвола.
Телекомите моментално работат на поврзување на базата на податоци на PASS со регистарот на возачки дозволи, а во апликацијата корисниците ќе можат да ја регистрираат дозволата и ќе добијат QR или бар код со кој ќе се верифицира документот во случај да ги сопре полиција. Дигиталната возачка дозвола треба да биде достапна на почетокот на идната година, а освен како дигитален документ за идентификација за полицијата, возачката дозвола се планира да се користи и како официјален документ при изнајмување автомобил.

Сподели!
- Advertisement -