Афтерворк и славење на вранецот во P2P

- Advertisement -

 P2P- првата македонска онлајан платформа која ве поврзува со инвеститорите и ви го олеснува пристапот до изворите на финансирање, реши своите интерни афтерворк дружења со тимот, да ги отвори и за своите пријатели и клиенти.
Па така првата отворена забава, дружење и промоција на компанијата на ваков афтерворк од отворен тип, во своите канцеларии, сместени во бизнис центарот Кеопс, започна деновиве, со првата од серијата вакви нетворк настани која беше тематска и посветена на светскиот ден на вранецот, 5 октомври – кој од пред неколку години започна да се слави во регионите, кои се познати по оваа врвна сорта вино.

„Во една опуштена атмосфера и поинаков работен амбиент, кој што го нагласува урбаниот дух, ја започнуваме планираната серија од попладневни, афтерворк забави за нашиот тим, нашите драги соработници, пријатели и се разбира клиенти. Решивме да ги отвориме вратите позади кои минува нашиот интензивен работен ден. Живееме брзо, амбициите не водат, но опуптањето после работа, еден ден од неделата со тимот е навика која ја имаме. Овој пат, само решивме да не биде зад затворени врати, туку напротив за сите добронамерници„ – истакна Теодор Тодоровски менаџер на P2P.

- Advertisement -


Македонски евергрини, чаша ДАЛВИНА вранец Хермес за наздравување и дегустација на најновата планета на сирења и кашкавал и од ЛАКТAЛИС беа тука, за славење на светскиот ден вранецот, на овој опуштен афтерворк во Битола. Тодоровски додаде дека овие неформални настани ќе продолжи компанијата да ги прави и низ другите градови на Македонија, со оглед на фактот што тие работат национално со оваа прва платформа за инвестирање од ваков тип.

„Вранецот е нераскинлив дел од винскиот и културниот идентитет на земјава, но и на целиот балкански регион. Сортата оригинално потекнува од Црна Гора, а кај нас, на територија на Македонија е најзастапена и тоа со приближно 11.000 хектари лозови насади. Токму вранецот овозможува создавање на овошни вина со ароми од капина, темни зрели сливи и ноти на слатки зачини, многу препознатливи и карактеристични по својата интензивна боја. Често се користи и за блендирање со други сорти, бидејќи дава структура на виното, моќ и полност, како и потенцијал за понатамошно зреење. Се работи за автохтона сорта која е секогаш интересна за меѓународната винска публика, а една од омилените и кај домашната„ – истакнаа гостите од ДАЛВИНА винаријата кои за оваа прилика го донесоа на дегустација Хермес Вранецот. 

- Advertisement -

„Тоа е вино што се одликува со интензивна темно-црвена рубин боја и овошен мирис, со примеси на ванила и зачини  како резултат на контактот со дабовото буре. Вкусот е хармоничен, со изразена свежина и структура, и мека, овошна завршница.Ова вино Хермес Вранец од винарија Далвина ја понесе најголемата награда Големо Злато на светскиот натпревар Мундус Вини во Германија за 2019 година во конкуренција со над 7200 вина од 156  вински региони од светот и со тоа и Винаријата Далвина ја доби наградата Најдобро прикажано од Македонија. Ова вино е едно од многуте наградени вина на винарија Далвина со златни медаљи и признанија во целиот свет„ – беше истакнато на дегустацијата.

„Идејата на вака осмислениот концепт е Урбан дух, за урбани луѓе, дополнително е шанса да се сретнеме со деловни партнери и пријатели за кои заради обврските физички реално имаме многу малку време. Како ЛАКТАЛИС Македонија, секогаш поддржуваме убави настани кои ни се шанса да и презентираме и нашите производи кои навистина се врвни. Сакаме кога спојуваме квалитет и уживање. Ова беше токму такво„ – изјавија гостите од оваа водечка млекара во Македонија. 
До следниот афтерворк на P2P кој ќе биде на друга локација низ Македонија, разгледајте што оваа комапнија иновативно работи во светот на Финтек индустријата https://p2p.mk/

Сподели!
- Advertisement -