Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека успешно го сменила правецот на некој астероид. Научниците сега потврдија дека орбитата на 160 метри широка вселенска карпа попозната под името Диморфос ја сменила орбитата кога сондата Dart удрила во неа минатиот месец.
Истражувачите дошле до заклучокот после мерењата направени со низа вселенски и земски телескопи. Мисијата била замислена да се тестира потенцијална стратегија за одбрана на Земјата од опасни предмети.
Достигнувањето на сондата Dart докажува дека таквата идеја би успеала под услов да се преземе нешто многу рано и ако целта не е претерано масивна.
„Оваа мисија покажува дека НАСА се обидува да биде спремна на се што ќе насочи вселената кон нас. Верувам дека НАСА докажа дека сме сериозни бранители на планетата“ изјави шефот на агенцијата, Бил Нелсон.
Експериментот се случувал на околу 11 милиони км од Земјата, а вселенското летало Dart тешко 750 кг отишло директно во Диморфос и се самоуништило. Вселенската карпа кружи околу многу поголем предмет наречен Дидимос широк 780 метри.
Пред ударот на Биморфос му биле потребни 11 часа и 55 минути за да направи еден круг околу Дидимос, а сега му се потребни 11 часа и 23 минути.
(Bizlife)
(фото: Pixabay)