GAME JAM PLUS MACEDONIA 2022-2023 октомври 2022 – јуни 2023

- Advertisement -

Денес низ цел свет започнува интернационалниот настан Game Jam Plus. Toa e најголемиот маратон за развивање на игри во светот, чија цел е преку процес на инкубација и акцелерација да овозможи најдобрите игри да станат пазарни производи привлечни за инвеститорите. Овој амбициозен проект трае 9 месеца и им овозможува на млади game development студија и тимови од различни земји да се претстават интернационално, да се сретнат со колеги, ментори, инвеститори и продуценти и преку тоа да добијат поддршка за нивните игри. Натпреварот има 6 фази, во кои се развиваат дигитални игри и истите се натпреваруваат на европско и светско ниво.

- Advertisement -

Во Македонија ќе се одржи по втор пат со локација во старт-ап центарот Касарна Хаб Охрид кој е и организатор на настанот, заедно со здружението Тактус од Охрид и Даниела Спасовска од Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, Скопје. Учесниците ќе може да присуствуваат физички или да се приклучат виртуелно од територијата на цела Македонија.

Во рамките на настанот ќе се одржат 2 натпревара:

- Advertisement -
  1. Првиот натпревар е класичен 48-часовен game jam хакатон кој се случува во исто време низ целиот свет, се развиваат игри на исти теми, а победниците ги избираме на ниво на Македонија. Најдобрите игри, односно 1/3 од игрите продолжуваат во фаза на Инкубација каде што ќе работат со ментори од меѓународни компании. Овие игри во март 2023 г. ќе се натпреваруваат на европското полуфинале во Лисабон, Португалија, а понатаму и на глобалното финале во Рио де Жанеиро.
    Учесниците може да се регистрираат на следниот линк: https://forms.gle/vJr1q2Uqe8HFonXF9
  2. Вториот натпревар е насловен “КРЕИРАЈ ИГРА ЗА ПЛАНЕТАТА” и на учесниците им дава можност да се натпреваруваат за награда од 1300€ со тоа што ќе креираат игра за мобилни/паметни телефони на тема климатските промени и животната средина. Натпреварот е под покровителство на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, a финансиски е поддржан преку проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени, финансиран од Владата на Шведска.“
    За овој натпревар учесниците може да се регистрираат на следниот линк: https://www.eventbrite.com/e/430109819047

Со дебитантското учество на Македонија на Game Jam Plus 2021-2022, се постигнаа две навистина важни нешта:

  • Македонија беше земја со најголем број на учесници покрај домаќинот Бразил. Во октомври 2021 г. на настанот се вклучија 153 учесници и се формираа 23 тима од кои 5 продолжија во фаза на инкубација, а со тоа и кон полуфиналето.
  • Играта Paint the Thing на тимот The Side од Охрид се пласираше во финалето и ја доби наградата Best Game Europe. Тимот патуваше на доделувањето на наградите во Рио де Жанеиро каде што се сретнаа учесници и организатори од сите континенти. Овие достигнувања ни се најголем поттик повторно да се организира настанот и да создадат услови за уште поголем успех.

Натпреварот содржи вкупно 6 фази кои се протегаат од октомври 2022 г. до јуни 2023 г. :

- Advertisement -
  1. Game Jam натпревар во тек на викендот 14 – 16 Октомври 2022 г, кој секоја држава учесник може да го организира на физички или виртуелни локации. Темите на кои ќе се работи ќе бидат исти за сите земји, но изборот на најдобрите игри ќе се прави на локално ниво. Од секоја локација ќе бидат избрани игри кои ќе продолжат кон следните фази.
  2. Фаза на инкубација, која ќе се одвива од ноември 2022 г. до јануари 2023 г. Во неа ќе влезат 120 најдобри игри од првата фаза, од цел свет. Тимовите ќе работат заедно со ментори – професионалци од интернационални компании, за да ги развијат своите првични прототипи во функционални игри.
  3. Полуфинале – оценување и прогласување на победници на ниво на континент. Ќе се одвива во текот на февруари и март 2023 г. и во него ќе имаат шанса да учествуваат сите игри од фазата на инкубација. Прогласувањето на победниците на европското полуфинале ќе се одржи во Лисабон, Португалија.
  4. Фаза на акцелерација која ќе се одвива во април и мај 2023 г. и е подготовка за “Business Round” фазата. Во неа ќе учествуваат 50 игри кои се избрани да се натпреваруваат во финалето. Во оваа фаза, игрите ќе бидат разгледувани од страна на издавачи и инвеститори. Тимовите со помош на ментори ќе се подготвуваат за настап во бизнис средина и ќе им се помогне да започнат свои компании и студија.
  5. Светско финале кое ќе се одржи во јуни 2023 г. во Рио де Жанеиро, Бразил. На него ќе се прогласат најдобрите игри во 16 категории, вклучитечно и Game of the Year наградата за најдобрата игра на светско ниво.
  6. Фаза “Business Round”, јуни 2023 г. во која тимовите и студијата ќе имаат директни средби со издавачи, инвеститори и продуценти. Оваа фаза има за цел да им помогне на студијата да ги потпишат своите први бизнис договори.

Настанот Game Jam Plus Macedonia се организира со цел преку подолг настан да се промовира развивањето на дигитални игри во Македонија и да се поддржат сите кои креираат или имаат желба да научат и да креираат дигитални игри. Затоа Game Jam Plus е повеќе од само натпревар. Toa пред се‘ е место за стекнување знаење, нови контакти и започнување на соработка.

Сподели!
- Advertisement -