Во германските маркети нема чоколади „Марс“

- Advertisement -

Американскиот произведувач на чоколатцата „Mars“ ги запре испораките германски синџири на супермаркетите „Rewe“ и „Edeka“ и нивните дисконтните филијали „Penny“ и „Netto“ поради спорот околу цените.

И покрај интензивните преговори, „Rewe“ во средата во Келн соопшти дека не постои добра причина да го прифати зголемување на цените коишто ги бара „Mars“.

- Advertisement -

„Изрично ги одбивме барањата на американскиот произведувач кои не можат да се прифатат зголемените трошоци за енергијата и суровините“, соопшти споменатата германска малопродажна компанија.

Од „Edeka“ ги зазема истите ставови и објави дека „Според нашето мислење, моменталните барања на Mars за значително зголемување на цените не се фактички оправдани“.

- Advertisement -

„Mars“ во Германија, меѓу другото, ги продава истоимените чоколатца, мастики за џвакање, храна за домашни миленици, тестенини, јадења од ориз и сладолед.

Од „Rewe“ и „Edeka“ на купувачите им предложуваат атлернативни производи, нудејќи им ги сопствените стокови марки и производите на германските компании.

Сподели!
- Advertisement -