ВИДЕО: Жените кои се оптимисти живеат подолго, покажа нова студија

- Advertisement -

Жените кои се оптимисти живеат подолго, покажа една нова студија. Затоа, ако верувате дека ќе имате долг и среќен живот, веројатно сте во право. Истражувачи анализирале податоци и одговори на прашања од истражување на Women’s Health Initiative, повеќегодишна студија во САД која се фокусира на здравјето на постарите жени.

Тие анализирале податоци на над 160.000 жени учесници во истражувањето. Заклучиле дека најоптимистичните 25% имале за 5,4% подолг животен век и имале за 10% поголеми шанси да доживеат до 90 години старост отколку најмалку оптимистичните 25%.

- Advertisement -

Истражувачите откриле дека некои фактори за животниот стил како што е вежбањето и исхранат се одговорни за помалку од 25% во должината на животниот век во споредба со оптимизмот.

Тоа значи дека психолошките фактори играат многу битна улога во тоа колку долго ќе живееме и додека на многумина социјалниот контекст им влијае на ставот кој ќе го имаат, студијата покажала дека оптимизмот го поттикнува долгиот животен век кај сите жени, без оглед на нивната етничка или расна припадност.

- Advertisement -

Но, освен поведриот поглед на светот, што друго можете да направите за да живеете подолго? Докторите велат дека 4 фактори влијаат на тоа. Најпрвин, ако пушите, веднаш престанете. Понатаму, одржувајте здрава телесна тежина. Трето, вежбајте најамлку 30 минути дневно и последно, хранете се здраво.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -