„Туф“ го организираше првиот лов на тартуфи на скопска Црна Гора за дипломатскиот кор

- Advertisement -

Македонскиот бренд „Туф“ го организираше првиот лов на тартуфи за претставниците на странските дипломатски претставништва во државава, заедно со  организацијата „Добредојде Македонија, Велкам центар“. На падините на Скопска Црна Гора,  ловот беше изведен  со специјализирани кучиња од видот Лагото, од специјалната одгледувачница, во сопственост на компанијата „Евал“, чиј бренд е  „Туф“. Дипломатската прошетка за лов на тартуф беше ексклузивна можност да  бидат  први  посетители  на вакво доживување, на нашите простори. Во прекрасната природа, во околината на селото Кучково, посетителите имаа можност да уживаат во вештините кои ги покажаа кучињата, специјално дресирани за наоѓање тартуфи и да научат повеќе за тартуфите, печурки кои се многу полезни за човекот.

Посебна радост донесоа кучињата, со наоѓањето на тартуфи во длабочината на шумата, за што добиваа и специјална награда за добро завршениот лов.

- Advertisement -

По завршувањето на ловот во шумата, групата имаше можност да дегустира домашни специјалитети со тартуфи, кои го заокружија целото доживување.Оваа несекојдневна авантура, беше убава можност да се претстават вештините на кучињата дресирани од  сопственикот на одгледувачницата Тони Митров.Воедно, одлична можност да се покаже пред странските претставници за македонските природни богатства на шумите, со многу ценетиот тартуф.Во рамките на дегустирањето на храна со тартуфи, присутните ги вкусија и производите на „Туф“, со својата широка палета, сушен тартуф, масло со тартуф, намази, тартуф во маслиново масло, слатко со лути пиперчиња со тартуф, секако и свеж тартуф, кои беа вистинско гурманско уживање за сите.

Според зборовите на Валентина Митрова, сопственичка и генерална менаџерка на „Туф“, станува збор за многу здрави и квалитетни производи, кои се вистински еликсир на младоста, зошто тартуфот има огромни здравствени придобивки и полезност за човековото здравје и корисно е да се вклучат во секојдневната исхрана на човекот, за да ги почувствуваат придобивките.Ловот на тартуфи и целиот настан беше поздравен од сите присутни претставници на дипломатските претставништва, кои не го криеја своето воодушевување и од вкусната храна.Ловот на тартуфи е незаборавно искуство за секој љубител на нови и невообичаени доживувања, со можност да уживаат во мирисите и вкусовите на „дијамантот на природата“ и производите направени со неговиот уникатен вкус.

- Advertisement -

Инаку, семејството Митрови, сопствениците на брендот „Туф“, се пионери во тартуфарството кај нас, нивната успешна семејна бизнис приказна е плод на желбата за иновации, љубовта кон природата, здравиот начин на живот, животните, до создавање квалитетен македонски производ со тартуф со цел придонес кон здравјето на купувачите.

„ТУФ“ со овој настан ја збогати понудата на ексклузивни авантуристички настани кај нас, а воедно ја стави државата на мапата на  дестинации кои имаат и понуда за лов со тартуфи, што е многу ценето во светот.

Сподели!
- Advertisement -