Сопствениците на домови во иднина ќе може целосно сами да си ги задоволуваат потребите за струја благодарение на револуционерните иновативни турбини на ветар кои може да се интегрираат со постојните системи за соларна енергија и во електричните мрежи на зградите. Сето тоа благодарение на компанијата Aeromine Technologies.
Aeromine Technologies патентираше неподвижен система за генерирање енергија од ветар кој создава 50% повеќе енергија отколку обичните подвижни турбини на ветар. Освен тоа, нивните турбини се многу безбедни за околината и не прават никакво загадување – не создаваат бучава и не убиваат птици.
Технологијата која ја создале користи аеродинамика слична на таа што се користи кај тркачките автомобили. Неподвижните турбини можат да создаваат енергија цел ден и ноќ без прекин, а зафаќаат само 10% од она што го зафаќаат соларните панели на кров.
Системите на Aeromine се составени до 20 до 40 единици поставени на рабовите на куќите или зградите во правецот на најсилниот ветар. Комбинацијата од иновативното решение на Aeromine за енергија од ветат и соларните панели на кров може да генерира 100% од вкупно потребната енергија за една зграда или куќа.
BASF Corporation, која го оценува системот на Aeromine во нивната фабрика во Вајандоти, Мичиген, САД, е една од компаниите кои ја тестираат новата технологија.
(Interesting Engineering)
(фото: YouTube)