Мали роботи наречени Pipebots може да работат во подземни цевки и за канализација и за водовод. Pipebots ќе можат самостојно да работат и да заштедат многу пари кои се трошат за чистење на блокирани цевки.
Роботите се така развиени што можат да комуницираат едни со други и да соработуваат. Само во САД има систем од над 3,2 милиони километри подземни цевки – замислете колку работа ќе имаат. И тоа таа бројка се однесува само на цевките за водовод. Којзнае колку е поголема бројката ако се пресметаат и цевките за канализација и за гас.
Освен тоа, во САД на секои две минути има некаков прекин на вода или дупната цевка, што САД ја чини 22 милијарди литри вода дневно, покажа еден извештај од 2021 година. Тоа е доволно за да се наполнат 12 милиони просечни кади за бањање.
Конвенционалните методи за одржување на таквите системи од цевки не само што се скапи, туку притоа се создава и голема бучава, самиот процес е многу валкан и опасен.
Токму затоа истражувачи од Обединетото Кралство ги создадоа роботите Pipebots. Главната задача на роботите ќе биде мапирање на локациите на цевките и лоцирање на можните дефекти.
(News Break)
(фото: YouTube)