Илон Маск направи парфем – за само 24 часа собра 2 милиони долари од продажба

- Advertisement -

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, минатата недела го претстави парфемот Burnt Hair на своите следбеници на Twitter и напиша дека тоа е производ на неговата компанија за подзмени тунели The Boring Company. Неколку дена подоцна почна официјалната продажба на парфемот преку нивната веб страница.

Илон Маск е познат по тоа што продава производи кои немаат врска еден со друг. Најпрвин продаваше фрлачи на пламен по цена од 500 долари и од нив собра 10 милиони долари. Потоа продаваше текила Teslaquila по цена од 420 долари за шише. Додека неговата компанија The Boring Company продава и капи, компанијата за електрични автомобили Tesla има повеќе производи. Исто како и веб страницата на Tesla, и страницата на Boring Company ќе прифаќа доџкоин како средство за плаќање.

- Advertisement -

Никој не знае како мириса парфемот затоа што првите пратки ќе бидат доставени идната година. Досега од парфемот во преднарачка се купени над 20.000 шишиња парфем, што е само потврда за тоа колку луѓе му веруваат на Маск. За само 24 часа Маск собра над 2 милиони долари од нарачки и тоа во индустрија каде што нема никакво претходно искуство.

Маск дури и се пошегува на Twitter дека луѓето мора да го купуваат неговиот парфем за тој да собере пари и да го купи Twitter.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -