Првото 3Д печатено училиште во светот ќе биде отворено во Украина

- Advertisement -

Една невладина организација, TEAM4UA, ги постави основите на првото 3Д печатено училиште во светот во укранскиот град Лвив, во соработка со локалната влада. Тоа е првото такво училиште во светот и воедно првото училиште изградено во зона на воен конфликт.

Како што велат од организацијата, овој начин на градење не само што штеди на време, туку е поефикасно и поевтино. Во соработка со регионалната администрација и други компании кои користат 3Д технологија за да им помогнат на раселените луѓе во Украина, TEAM4UA направиле уникатен предлог кој никогаш не бил тестиран во воена зона и тоа додека уште трае војната.

- Advertisement -

Според украинскиот министер за одбрана, Save Schools е украински проект со кој се води сметка за сите оштетени и руинирани училишта во земјата со собирање фотографии од уништените објекти и датумите кога биле уништени. Од почетокот на војната на 14 февруари годинава досега над 2.000 училишта во Украина биле оштетени или целосно уништени.

Над 75.000 од вкупно 250.000 официјално раселени луѓе во регионот Лвив, каде што се гради 3Д печатеното училиште, се ученици. Околу 3,6 милиони деца во Украина ќе го прошуштат училишното образование поради војната, а 1,5 милиони украински деца се соочуваат со опасност од развој на ментални проблеми како последица на руската инвазија. покажуваат податоците на интернационалната организација за помош World Vision.

- Advertisement -

Од невладината организација коа ќе го печати училишптето се сигурни дека ова училиште е само почеток на користењето на оваа технологија за бновување на објекти во Украина, но и во целиот свет. Нивната идеја е кога ќе заврши војната во земјата, 3Д принтерите да се пренесуваат низ целата земја каде што има потреба, како и на други места погодени од катастрофи.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -