Офшор турбина на ветар го собори светскиот рекорд – 359 мегават-часови за 24 часа

- Advertisement -

Една од најголемите турбини на ветар во светот успеа да генерира неверојатни 359 мегават-часови струја за само 24 часа. Во своја објава на Twitter шпанско-германската компанија Siemens Gamesa, која произведува турбини на ветар, напиша дека нивната турбина 14-222 DD го собори рекордот за најголема количина струја произедена од една турбина за само еден ден.

Компанијата соопшти дека турбината произвела доволно енергија за еден електричен автомобил со средна големина да може да помине 1,8 милиони километри.

- Advertisement -

Со тоа SG 14-222 DD сега е на исто ниво со капацитетот на 14-мегаватната турибна на GE, Haliade-X, која е една од нивните најголеми турбини, и само малку заостанува зад гиновската 15-мегаватна турбина Vestas rigs и светскиот шампион во офшор турбините – MingYang со своите 16 MW.

Она што е уште поимпресивно е тоа што енормната турбина на ветар го собори овој рекорд само 10 месеци откако ја произведе првата струја за електрилчната мрежа во тест-центарот во Остерилд во Данска. Прототипот почна со производство на струја еден месец подоцна.

- Advertisement -

SG 14-222 DD е 14-мегаватна офшор турбина на ветар со капацитет со 15 MW со помош на функцијата Power Boost. Има ротор со дијаметар од 222 метри, сечила долги 108 метри кои може да се рециклираат и кога се врти опфаќа површина од 39.000 квадратни метри.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -