Обединетите нации предупредуваат дека глобалното затоплување ќе надмине 1,5°C уште пред 2030 година

- Advertisement -


Според извештајот United in Science Report 2020 на Обединетите нации, глобалните температури ќе се покачат за над 1,5°C, границата која беше поставена на Парискиот климатски договор, уште во текот на нареднава деценија. Глобалните температури континуирано растат од 1800-тите години како резултат на индустријализацијата. Според извештајот, глобалните температури веќе се покачени за 1,1°C од крајот на 1800-тите. Најмногу загрижува фактот дека последните пет години се потопли отколку кога било порано. Иако високите температури последниве години можеби се привремена појава, постои причина за вклучување на алармот ако глобалното затоплување продолжи со истата стапка.

Според ОН, светот има 25% шанси во наредните пет години да доживее температури толку високи што глобалниот просек ќе се зголеми за над 1,5°C. Извештајот, кој го издава Светската метеоролошка организација на ОН, ја потенцира важноста на Парискиот климатски договор. Во 2015 година светските лидери поставија две граници на затоплувањето, а 1,5°C беше построгата. Лимитите беа поставени со цел да се обележат температурните промени кога би било потешко преживувањето на луѓето.

- Advertisement -

Извештајот доаѓа во време кога САД бележи рекордни температури и уништување. Пред неколку дена се појавија разорни пожари низ Калифорнија. Долината на смртта исто така забележа рекордни високи температури минатиот месец, а пожари беснеат и низ Амазон и на Арктикот.

Рекордните топлини, топењето на мразот, пожарите, поплавите и сушите се влошуваат и уништуваат заедници, нации и економии низ целиот свет“ вели генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерес, во својот вовед во извештајот.

- Advertisement -

Според извештајот, во текот на наредните неколку години се очекуваат повеќе вакви деструктивни појави како резултат на согорувањето на фосилните горива. Единствената надеж е ако земјите ја намалат консумацијата на фосилни горива.

(Inhabitat)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -