ВИДЕО: Револуционерен начин на чистење на отпадните води до чиста вода за пиење

- Advertisement -

Овој стартап ќе донесе вистинска револуција во начинот на кој се третираат отпадните води. Не само тшо ги прочистува и највалканите отпадни води, стартапот пронајде начин паралелно и да генерира енергија и да ја намалува емисијата на стакленички гасови.

Процесот го разви компанијата Aquacycl и се базира на батерии кои во себе содржат бактерии кои природно се среќаваат во природата. Тие бактерии ги чистат сите органски загадувачи од водата и оставаат целосно чиста вода.

- Advertisement -

Истовремено, во текот на процесот се генерира енергија, која ги задоволува потребите на системот за енергија. Системот е модуларен и неговите составни делови кои личат на кутии може да се поставуваат во една низа една до друга или да се редат една врз друга за да се прочисти поголема количина вода и за да се зголеми чистотата на крајниот производ.

Од Aquacycl векат дека нивниот систем може да исчисти вода која е 10 пати позагадена отколку водата која ја испуштаат фабриките, а истовремено на компаниите им заштедува 20% од трошците што ги имаат за електрична енергија.

- Advertisement -

Ако се остави нетретирана, валканата отпадна вода може да уништи цели секосистеми или да предизвика болести.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -