3Д биопечатени тумори на дојка како радикален нов метод на лекување

- Advertisement -

Истражувачи од Државниот универзитет Пенсилванија направја нова студија на полето на канцерот. Новата студија имала за цел најдобро да се разбере состојбата која е една од главните причини за смртност во светот.

За таа цел истражувачите со 3Д принтер испечатиле малигни тумори на дојка и ги лекувале. Според студијата која била направена во лабораторијата Озболат, ова истражување сега на научнциите од целиот свет ќе им овозможи да креират антиканцер третмани без да користат ин виво, односно животни за тестирање.

- Advertisement -

„Ова ќе ни помогне да разбереме како комуницираат клетките од човечкиот имунолошки систем со туморите. Развивме алатка која случи како платформа за клинички тестирања за да се разбере како растат туморите, како комуницираат со човечките клетки и како метастазираат и се шират низ телото“ вели Ибрахим Озболат, професор по инженерски науки и механика, биомедицински инженеринг и неврохирургија на Државниот универзитет Пенсилванија и автор на студијата.

Развојот на биопечатени модули може да ги отвори вратите за целосно нови начини на разбирање на микро средините не туморите и имунолошкиот одговор на телото. За прецизно да се направат туморите во три димензии и да се направи ткиво, истражувачите примениле биопечатење со аспирација, која е техника откриена неодамна.

- Advertisement -

Откако направиле васкуларизирано ткиво на тумор на дојка истражувачите откриле дека хемотерапијата и клеточната имунотерапија имале ефект врз туморот. Научниците користеле доксорубицин, хемотерапевтски лек базиран на антрациклин кој често се користи за третирање канцер на дојка за да се провери прецизноста на моделот на тумор.

Истражувачите откриле дека клетките во биопечатениот тумор поттикнале соодветен имунолошки одговор и се бореле со клетките на туморот 72 часа откако стапиле во контакт со модифицирани човечки CAR-T клетки.

- Advertisement -

Студијата е објавена во списанието Advanced Functional Materials and Biofabrication.

(Interesting Engineering)

(фото: WCRF)

Сподели!
- Advertisement -