ВИДЕО: Погледнете како изгледа поларната светлина од вселената

- Advertisement -

Поларната светлина или аурора бореалис не ги одушевува само луѓето на Земјата, туку и тие во вселената. Во текот на изминатиот викенд многу жители во добар дел од Европа имаат среќа во живо да ја видат поларната всетлина, која инаку е видлива само на крајните северни делови, поблиску до Северниот пол.

Но, благодарение на високата активност на Сонцето, геомагнетната бура која настана со исфрлање на сончеви факели ја удри Земјата во вистински момент и на право место.

- Advertisement -

Интензивните розови и зелени бои можеа да се видат на многу места и ги одушевија луѓето, а многумина го забележаа тој момент и со своите фотоапарати и паметни телефони, па го објавија и на интернет.

И додека луѓето на Земјата беа одушевени од приликата да видат нешто толку несекојдневно, неспоредливо повеличествен бил призорот на светлината од вселената. Тоа можеа да гоо видат астронаутите на Меѓународната вселенска станица. Така, Европската вселенска агенција на својот профил на платформата X објави видео кое го направил францускиот астронаути Томас Песке, на кое се гледа аурора бореалис од малку поинаков агол.

- Advertisement -

Видеото, всушност, е составено од низа фотографии, кои се направени на по 2 секунди во текот на престојот на Песке на Меѓународната вселенска станица. Така, видеото е околу 12 пати побрзо од реалната брзина.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -