Глобалната инфлација многу повеќе ги погодува жените отколку мажите

- Advertisement -

Целиот свет се соочува со криза со инфлацијата. Во својот последен економски извештат Меѓународниот монетарен фонд предвидува раст на глобалната инфлација на рекордни 8,8% во 2022 година, како последица на пандемијата и војната во Украина. Овие високи стапки на инфлација ги покачија цените на храната и на сите други производи, па затоа итно мора да се преземат мерки за справување со високите цени и заштита на џебовите на луѓето.

Глобалната инфлација ги погодува сите, но жените и девојките се диспропорционално повеќе засегнати. Во текот на изминатите две години производите наменети за жени поскапеа многу побрзо отколку производите за мажи. Во Велика Британија, на пример, женските чевли за формални прилики во 2021 година поскапеа за дури 75%, додека чевлите за мажи во истиот период поскапеа само 14%.

- Advertisement -

Истата нееднаквост се забележува кај електричните бричеви за жени наспрема тие за мажи, маичките, фармерките, па дури и цената за стрижење во салон. Пред да почне инфлацијата жените веќе имаа помали примања од мажите на глобално ниво, што значи дека оваа инфлација се заканува уште повеќе да го продлабочи јазот меѓу половите и нееднаквиот социјален напредок.

Многу е помала веројатноста жените да добијат покачување на плата ако инфлацијата се покачи уште повеќе од годинава. Во САД, на пример, едно национално истражување открило дека мажите имаат 33% поголеми шанси да земаат плата која ќе се покачува како што расте инфлацијата. Слично на тоа и во Велика Британија се очекува продлабочување на јазот меѓу жените и мажите во поглед на платите.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -