ВИДЕО: Индиска компанија ги претвора отпушоците од цигари во играчки

- Advertisement -

Во светот годишно се фрлаат околу 4,5 трилиони отпушоци од цигари, од кои 90% содржат неразградливи пластични филтри. СЗО  проценува дека околу 267 милиони луѓе во светот, што е речиси 30% од возрасната популација во Индија, се корисници на тутун, а отпушоците ги загадуваат улиците на урбаните средини каде што стандардите на чистота веќе се ниски.

- Advertisement -

Отпушоците од цигари се најчестиот отпад во светот, покажуваат податоците на Програмата за животна средина на ОН.Многу од нив завршуваат во океаните и на плажите и имаат катастрофални последици за морските животни затоа што филтрите во цигарите се направени од неразградливи влакна на целулозен ацетат, кој се претвора во микропластика која може да ја изедат морските животни и птиците.

Нивната преработка во други производи, меѓу кои играчки и перници, е иновативниот бизнис кој го развил индискиот бизнисмен Наман Гупта.

- Advertisement -

Неговата компанија Code Effort досега има рециклирани дури 300 милиони отпушоци кои ги собрале од улиците во Индија, а како што вели Гупта, почнале со само 10 грама дневно, а сега преработуваат дури по 1 тон на ден. Годишно ќе можат да преработат милиони и милиони отпушоци од цигари.

Во неговата фабрика во Њу Делхи тим составен само од жени рачно ги дели отпушоците на влакна, хартија и остатоци. Хартијата се претвора во пулпа, се меша со органско врзивно средство и се претвора во средство против комарци. Влакната се чистат и се мијат со органски хемикалии кои ги неутрализираат токсините. Резултатот е бел материјал кој се користи како полнеж за играчки и перници.

- Advertisement -

Во фабриката се одвојува и тутунот, кој се компостира до прав за наѓубрување.

(Euronews)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -