Беспилотните автомобили на Waymo пристигнуваат и во Лос Анџелес

- Advertisement -


Откако автомобилите на Waymо се докажаа по улиците на Феникс и Сан Франциско, пред нив сега се наоѓа најголемиот предизвик досега – да ги освојат и улиците на Лос Анџелес. Како што велат од компанијата, кога Лос Анџелес се споредува со Сан Франциско и со Феникс, овој град има и сложени патишта кои се со лош квалитет и огромен сообраќаен метеж. Но, од Waymо уверуваат дека сите тие предизвици се спремни да ги совладаат затоа што нивните автомобили веќе поминале милиони километри во реални и во симулирани услови и се запознале со различни сообраќајни услови какви што може да се очекуваат и во овој калифорниски град.

Во официјалното соопштение за јавноста споменуваат и други многу опасни ситуации во сообраќајот како што е густ сообраќај, возачи кои не се целосно концентрирани на патот пред нив затоа што се под влијание на алкохол, имаат мобилен телефон во рака и слично, заоѓање на сонцето кое ги заслепува возачите, но таквите ситуации нема да бидат проблем за нивните компјутери.

- Advertisement -

Waymo обично на почетокот во своите автономни автомобили става по еден од своите вработени, а со тек на време возилата почнуваат да возат сами. Компјутерите, сепак, не се препуштени сами на себе затоа што можат на далечина да управуваат со своите возила во злучај да има некаков проблем во текот на возењето. Кога автомобилите ќе се покажат целосно безбедни и сигурни, Waymo отвора тестирање со одреден број на корисници кои имаат желба да се возат во такси во кои зад воланот нема никој.

На почетокот таквите такси возила се бесплатни, а потоа се воведува и наплата. Уште не е познато кога таквите автомобили ќе почнат да возат во Лос Анџелес. Имено, од компанијата само објавија дека Лос Анџелес е наредниот град на нивната мапа, но не објавија конкретен датум кога ќе стартува самиот проект.

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -