Осло ќе стане првата метропола во светот со нула емисија на гасови од јавниот транспорт

- Advertisement -

Осло е на пат да стане првиот главен град во светот со целосно електричен јавен траснпортен систем. Норвешката престолнина се надева да ја достигне таа цел до крајот на 2023 година како дел од нивната стратегија да станат првиот град во светот со нула емисија на штетни гасови до 2030 година.

Тоа вклучува замена на градските автобуси кои возат на дизел гориво со 450 електрични автобуси. Програмата, која се проценува дека ќе чини околу 48 милиони евра, на градот ќе почне да му штеди многу пари со тек на време.

- Advertisement -

Одржувањето на таквите автобуси е поевтино, исто така е поевтино управувањето од страна на оператори. На последниот градски тендер електричните автобуси биле за 5% поевтини отколку дизел автобусите. Целта на проектот е да се намали емисијата на стакленички гасови, да се намали бучавата и да се подобри квалитетот на воздухот во градот.

Осло е град со 700.000 жители и веќе ги има електрифицирано најголем дел од бродовите кои пловат таму, а има и распротранеѕа мрежа на трамваи и велосипедски патеки.

- Advertisement -

(Euronews)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -