Телескопот James Webb откри група галаксии околу супермасивна црна дупка

- Advertisement -

Тим истражувачи од Универзитетот Џонс Хопкинс направи неверојатно откритите врз основа на податоци добиени од вселенскиот телескоп James Webb – кластер на галаксии кои се поставени околу една масивна црна дупка.

Исклучително ретката црна дупка, која сега е позната како SDSSJ165202.64+172852.3, е еден од најмасивните црни дупки, вели тимот. Црната дупка била откриена со помош на спектрографот Near Infrared Spectrograph (NIRSpec) кој се наоѓа на вселенскиот телескоп.

- Advertisement -

Ова откритие е несекојдневно и нуди можност за да се изучува како пред милијарди години галаксиите го формирале модерниот универзум. Истражувањето е објавено во весникот Astrophysical Journal Letters.

Масивната црна дупка е стара 11,5 милијарди години и е една од најмоќните досега откриени на тоа растојание. Бидејќи е црна дупка во фаза на формирање, продолжува да „јаде“ гас кој се наоѓа околу неа и расте.

- Advertisement -

Авторите на студијата велат дека мислат оти нешто драматично ќе се случи со ваквите системи. Галаксиите кои ги откриле се во еден момент од своето постоење кога се трансформираат и ќе изгледаат сосема поинаку за неколку милијарди години.

Телескопот Webb детектирал најмалку три галаксии во тој регион. Иако неговите првични резултати се објавени уште во јули годинава, во соопштението истражувачите велат дека ова откритие е едно од вкупно 13 кои се специјално избрани со цел да се утврди каде е насочен телескопот во текот на првите неколку месеци од своето функционирање.

- Advertisement -

Од фотографиите се гледа дека галаксиите кои ги открил Webb се вртат неверојатно брзо и тоа значи дека има огромна количина на маса. Тоа веројатно е една од најгустите области со галаксии во формирање кои ни се познати досега, вели тимот. Тоа што го гледате на фотографиите е само мал дел од податоците кои ги испратил телескопот. Премногу работи се откриени, па научниците велат дека го избрале да го споделат со нас прво она што е најголемо изненадување.

Како што објаснуваат, секој заматен дел на фотографиите е бебе галаксија кое се спојува со својата галаксија-мајка и боите се различни поради различните брзини со кои се движат, а целиот регион се движи на многу комплициран начин.

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -