Washington Post: Илон Маск ќе отпушти 5.000 вработени во Twitter

- Advertisement -

Преземањето на Twitter од страна на Илон Маск дојде до фазата кога тој може да седне со адвокатите и да се обликува еден конечен договор. Сепак, оваа зделка може да значи дека 5.000 вработени во Twitter ќе ја изгуват работата, напиша Washington Post.

Twitter моментално има 7.500 вработени, а ако она што го напиша весникот е вистина, Маск ќе скрати дури 75% од работната сила во компанија и ќе остане со само 2.000 вработени.

- Advertisement -

Целата сага околу преземањето на Twitter од страна на Илон Маск ја уништи репутацијата на компанијата по социјалните медиуми. Сепак, адвокатите на Twitter сакаат зделката да се реализира иако Маск постојано се жалеше поради неизвесноста колку профили на Twitter се лажни. Едноставната причина з атоа е што во споредба со конкурентите од типот на Meta и Snapchat, Twitter има мали профитни маржи и како јавно котирана компанија, честопати е мета на инспекции од Волстрит.

Понудата на Маск од 44 милијарди долари, за која самиот постојано повторува дека е превисока сума за моменталната вредност, донесе встинска надеж за Twitter, компанија која планираше да отпушта од вработените, пишува Bloomberg.

- Advertisement -

Не е познато како планира Маск да работи со само 1/3 од моменталните вработени, ниту како планира да ги дуплира приходите на компанијата во наредните три години. Ќе мора да почекаме да дознаеме дали овој потег на Маск им за цел да привлече повеќе инвеститори за да се открие вистинскиот потенцијал на Twitter, како што се шпекулира.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: newsprima.it)

Сподели!
- Advertisement -