Горивата стануваат се поскапи, загадувањето ппо урбаните средини ги принудува градовите и државите да се префрлаат или на електрични возила или да се намалува употребата на возила воопшто и се повеќе користење еколошки алтернативи.
Една од тие алтернативи се велосипедите. Но, освен ако живеете во куќа, проблем е складирањето на тие велосипеди кога не се користат. Ви претставуваме едно иновативно решение со кое велосипедите можете едноставно да ги подигнете на ѕид.
Parkis е еден вид на лифт за велосипеди, при што целата тежина се прфрла на самиот уред и вие воопшто не мора да подигнувате. Станува збор за хидрауличен, неелектричен систем за подигнување. Едноставно го поставувате предното тркало во држачот и механизмот се ослободува и го врши остатокот од работата наместо вас.
Parkis може да се постави на речиси секаков ѕид, а самиот уред не зафаќа речиси воопшто место. Кога на него ќе се постават велосипеди се ослободува најмалку 40% од прострот кој би се зафатил кога велосипедите би се чувале на вообичаен начин.
Parkis функционира и со обични и со електрични велосипеди.
(Startup Selfie)
(фото: Facebook)