ВИДЕО: Робот чистач на прозорци – сон на секоја жена

- Advertisement -

Бришењето прашина по домот е далеку од омилена активност на жените. Најчесто го одложуваме чистењето прозорци, особено ако живееме во некоја висока зграда, затоа што можеби имаме и страв од височина. Има секакви средства кои можеби ќе ги исчистат прозорците солидно, но сега има вистински професионален чистач на прозорци.

Роботот Winbot 850  е вакумски чистач на прозорци на компанијата Ecovacs Robotics, кој се прилепува за прозорците и ги чисти беспрекорно. Се контролира преку посебен далечински управувач, а пред да се постави на стаклото, тоа се прска со посебна течност за прозорци, а потоа роботот се остава да ја врши макотрпната работа. Притоа, можете да ги изберете движењата што ќе ги прави во текот на чистењето.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -