ВИДЕО: Италијански истражувачи ја изградија првата куќа во Европа која користи енергија само од водород

- Advertisement -

Енергетската криза и климатските промени ги принудуваат европските институции да најдат начини да ја намалат употребата на фосилни горива и да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид. Истражувачи од Универзитетот Санио во јужна Италија создаода едно решение кое ги задоволува и двете цели.

Заедно со конзорциум од истражувачки тела и приватни компании тие ја изградија првата куќа во Европа која користи енергија од водород. Европа се повеќе се фокусира на чистиот водород поради климатска неутралност. Оваа куќа во градот Беневенто е студентска куќа, но истоврмено е и жива лабораторија, односно експеримент за да се види кои се бенефитите и ограничувањата на овие технологии за во иднина да може да се применат во станбениот сектор.

- Advertisement -

На куќата има поставено ќелии кои се напојуваат со водород и генерираат електрицитет, кој потоа се користи за сите уреди и за греење, велат од тимот од Санио. И тоа не е се – куќања произведува и обновлива енергија од сончевата енергија и ја нарекуваат куќа со нула емисија на стакленички гасови.

Дизајнирана е и изградена со помош на технолошкиот истражувачки центар за одржливи градби Stress Consortium. Оваа куќа ќе помогне за развој на идни иницијативи за користење на ќелии со водород за напојување на станбени и комерцијални објекти.

- Advertisement -

(Euronews)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -