Холандските одгледувачи на цвеќиња пронајдоа еколошка замена за гасот

- Advertisement -

Холандија има високо ниво на емисија на азот поради развиеното земјоделство и сточарство. Додека владата бара решенија на национално ниво, фармерите сами решија да испробаат една одамнешна практика – користење на азот од животинскиот измет во стаклениците.

На тој начин сточарите се ослободуваат од вишокот азот, а одгледувачите на цвеќиња штедат на гас. Ваутет Дуивејстејн, одгледувач на хризантеми во Хоек ван Холанд, веќе е пионер во оваа техника. Неговите цвеќиња во расадникот Beyond Chrysant се хранети со новиот рецепт неколку недели и тој веќе е импресиониран од резултатите.

- Advertisement -

Азотот е битна хранлива состојка за растенијата затоа што го поттикнува растот и фотосинтезата. Иако, преголема количина може да има негативен ефект на растенијата.

Се до неодамна Дуивејстејн купувал индустриски азот, направен од природен гас, за неговите милиони хризантеми. Но, поради високите цени на гасот, тој побарал поевтина алтернатива, која нема да е штетна за околината.

- Advertisement -

Азотот го има во урината од кравите, кокошките и свињите. Фармерите кои одгледуваат крави имаат вишок азот, кој може да биде штетен за животната средина. Со префрлањето на азот од крави одгледувачите на цвеќиња не само што ќе им помогнат на фармерите да се ослободат од вишокот гас, туку ќе се намали у вкупната количина на азот која се создава во светот

(Euronews)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -