ВИДЕО: Ова е најудобниот стол за сите кои долго работат на компјутер

- Advertisement -

Кој работи на компјутер подолг период во денот знае како боли грбот, нозете, рацете и буквално секој дел од телото ако не се прават паузи за протегнување и да се раздвижиме малку во текот на работата. Но, бидејќи не секој го има тој луксуз добро да си ги протегне нозете во текот на работното време, можеби ова ќе ви помогне.

Ви го претставуваме најудобниот стол за сите сериозни корисници на компјутер. Altwork Station се столови кои ќе го сменат начинот на кој работиме и седиме. Столовите имаат прикачен монитор од компјутер, кој целосно може да се прилагоди на корисникот и потпирач за нозете. Самиот стол може да се навалува или исправува по желба со најнезабележително движење.

- Advertisement -

Серијата Signature, за разлика од Flex, нуди некои премиум опции, се разбира, за повисока цена. На пример, движењето на столот и на сите составни делови е автоматизирано. Потпирачот за глава може целосно да се собере, тастатурата да се постави во која било положба, а има опција и да се запамети саканата положба на секоја компоненнта и кога корисникот ќе седне едноставно да ужива додека работи.

Исто така, Signature верзијата има и тркала, па може да се пренесува каде сакате, како и опција да стоите и да работите.

- Advertisement -

(Startup Selfie)

- Advertisement -

(фото: Altwork)

Сподели!
- Advertisement -