Гумени мечиња ќе се прават од рециклирани турбини на ветар

- Advertisement -

Турбините на ветар наскоро ќе добијат сладок нов живот благодарение на ново откритие на инженери од САД. Тие создаоа нов вид на смола, материјал со кој се премачкуваат турбините на ветар, кој може да се пренамени за да се прават капаци за жмигавци на кола, алатки на струја, салфетки, па дури и гумени мечиња.

Ова откритие на хемиски инженери од Универзитетот Мичиген може да биде клучно за решавање на еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат кај производството на енергија од ветар – како да се рециклираат турбините на ветар.

- Advertisement -

Направени од стаклени влакна обложени со смола, кои тешко се одделуваат едни од други, турбините а ветар се просечно долги 50 метри, односно половина од едно професионално фудбалско игралиштее. Иако некои може да се рециклираат во други материјали, најчесто завршуваат на депонија.

Бидејќи поголеми и поефикасни турбини ги заменуваат старите, турбините кои повеќе не се користат се голем проблем. Асоцијацијата за енергија од ветар WindEurope очекува околу 52.000 тони турбини годишно ќе се фрлаат до 2030 година.

- Advertisement -

Хемиските инженери од Универзитетот Мичиген, САД, направија нова композитна смола која може да се рециклира и од неа може да се прават турбини на ветар. Кога турбините ќе се исфрлат од употреба, смолата може да се рециклира до предмети за дома или слатки десерти како гумени мечиња. Или може да се разложат до течен материјал и од нив оак да се направат турбини. Студијата за ова откритие е објавена во списанието American Chemical Society (ACS).

За да го направат новиот материјал научниците комбинирале стаклени влакна со растителен полимер и ситетички полимер. Панелите кои ги произвеле од тој материјал се покажале доволно цврсти за од нив да се направат турбини на ветар и автомобили.

- Advertisement -

Откако повторно ги разложиле панелите и ги отстраниле стаклените влакна, тие можеле да го претворат материјалот во нови производи. Со мешање на смолата со разни минерали и на разни температури научниците успеале да направат целосно различни производи.

(EuroNews)

(фото: MySe)

Сподели!
- Advertisement -