Starlink интернетот пристигнува во комерцијалните авиони

- Advertisement -

SpaceX својот интернет Starlink го носи буквално меѓу вселената и Земјата благодарение на новата услуга наречена Starlink Aviation, која доаѓа после услугата Starlink Maritime која е наменета за поморски промет.

Во објава на Twitter, Илон Маск вели дека со Starlink, патниците можат да пристапат до интернет со ниска латенција од моментот кога ќе влезат во авион. Таа брзина во секој авион опремен со Starlink Aero терминал ќе овозможи брзина до 350 Mbps. Како што велат, таа брзина ќе биде доволна за видеоповици, онлајн игри и други активности со висок промет на податоци.

- Advertisement -

Постојните сателитски системи во авионите овозможуваат брзина од 30 Mbps до 100 Mbps, така што Starlink драстично ќе ја подобри брзината на интернетот на летовите. Секако, брзината од 350 Mbps ќе биде за целиот авион, што значи дека на патниците брзината и квалитетот на интернет конекцијата ќе им се менуваат во зависност од тоа колку патници ќе има во авион.

SpaceX вели дека Starlink Aviation интернетот работи и во текот на возењето со авион по копно, во текот на полтувањето, летот над копно и над вода, како и при слетување, со латенција од 20 ms и дека ќе има глобална покриеност.

- Advertisement -

Новата услуга во авионите ќе ја имаат сите авиопревозници кои ќе склучат договор со SpaceX, а ќе почне да се вградува од средината на 2023 година.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Starlink)

Сподели!
- Advertisement -