ВИДЕО: Слајм-робот го собира штетните материи од телоти низ најтесните процепи

- Advertisement -

Ова е слајм-робот, односно технолошко чудо со конзистенција на фил за торта кој може да се протне низ процепи тесни само 1,5 мм. Се контролира со помош на надворешни магнетни полиња и може да фати цврсти предмети

Тоа значи дека би бил идеален за вадење на некои штетни предмети кои се заглавени внатре во човечкото тело.

- Advertisement -

Го создадоа научници од Универзитетот на Хонгконг.Тие помешале магнетни честички со боракс, односно средство кое многу често се користи за чистење на домовите, и додале синтетичка смола.

Веќе постојат меки роботи контролирани од магнети, но нивната примена е многу ограничена. Тие се или премногу цврсти за да се протнат низ некои тесни процепи или премногу меки за да фатат некои цврсти предмети.

- Advertisement -

Но, овој робот е вискозно-еластичен, што значи дека може да се однесува или како течност или како цврста материја. Неговите креатори велат дека исто така може да се користи и за операции или за транспорт на лекови до одредени делови во телото.

Освен тоа, бидејќи може да држи жици, исто така ќе може да се користи за поправка на електрични кола. Што мислите, би голтнале ли еден ваков робот за да однесе лекови до специфична локација во вашето тело?

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -