Овој стартап ги претвора празните објекти во градовите во урбани фарми

- Advertisement -

Овој стартап ги претвора напуштените простории и објекти во градовите во мали урбани фарми. Alesca Life одгледува растенија во контејнери за транспорт и ги покажува сите можни начини на кои општествата може да имаат бенефит од урбаните фарми.

Стјуарт Ода е основач и извршен директор на Alesca Life Technologies.
„Најпрвин урбаните фарми помагаат значително да се намали потрошувачката на вода, на ѓубриво и целосно се исфрла  употреба на пестициди. Понатаму, на овој начин се одгледува посвежа храна која има повеќе хранливи состојки во неа затоа што може да се достави побрзо до купувачите. Во многу од развиените земји синџирот на достава во земјоделството станува се подолг. Во САД. на пример, просечната километража која треба да се помине за достава е околу 2.500 км. Така додека производот да стигне на полица се губат речиси 50% од хранливите состојки. Затоа, ако одгледуваме производи поблиску до купувачите, тие ќе бидат посвежи и со поголем квалитет и повеќе хранливи состојки, но и ќе бидат побезбедни за користење“ вели Ода.

- Advertisement -

Alesca Life прави такви урбани фарми во Пекинг и во Дубаи и го претвора недоволно искористеното или напуштеното земјиште во урбани фарми. Тие користат ултра ефикасни ЛЕД ламби, посебни коцки за одгледување и софтвер кој носи одлуки врз база на податоци за да одгледува енергетски ефикасен и хранлив зеленчук, а целиот процес се контролира преку смартфон.

„Се трудиме што поголем дел од расадот и семињата да ги набавуваме локално. Кога семињата ќе пристигнат во нашата фарма, ги садиме во коцки за одгледување. Кога ќе бидат доволно пораснати производите, ги береме и ги носиме до купувачите“ објаснува Ода.

- Advertisement -

Нашиот свет постојано се менува и иднината на земјоделството е несигурна и нејасна бидејќи климатските промени се закануваат на нашите извори на исхрана. 800 милиони луѓе во светот денес легнуваат да спијат и се будат гладни.

Урбаните фарми се еден од многу начини за решавање на проблемот со снабдувањето храна на глобално ниво. Можеби нема уште утре да го реши проблемот со гладот, но може да реши многу од проблемите врзани за логистиката на храната. Исто така, овозможува на локално ниво да се произведуваат некои од производите кои се најголеми загадувачи и за чие одгледување се троши најмногу вода.

- Advertisement -

This start-up turns abandoned spaces in cities into tiny urban farms

Abanoned car parks to farms📕 Read more: https://wef.ch/2NpqPQ3 #amnc19

Posted by World Economic Forum on Вторник, 02 јули 2019

Сподели!
- Advertisement -