Официјално е: од 2024 година во ЕУ ќе се користи еден единствен полнач

- Advertisement -

Собрснието на ЕУ вчера даде конечно одобрение за задолжителното воведување на еден еединствен полнач за мобилни телефони и други електронски уреди. Тоа ќе стапи на сила од 2024 година.

Повеќе нема да биде потребно да се кпупува полнач секогаш кога ќе купите нов мобилен телефон или сличен уред. Полначот, кој е компатибилен со повеќе уреди, ќе ви заштеди пари и време и ќе придонесе за намалување на електронскиот отпад, велат од ЕУ.

- Advertisement -

Директивата за единствениот полнач воведува USB-C како стандарден отвор за полнење на електронските уреди. Од 2024 година сите dуреди како мобилните телефони, таблетите, е-читачите, дигиталните камери, конзолите за видеоигри, слушалките ќе мора да имаат влез од типот нa USB-C.

Директивата деновиве треба да биде ставена во Официјалниот весник на Европската унија, а стапува на сила 20 дена после објавата .Новите правила ќе почнат да се применуваат 24 месеци после нивното стапување на сила.

- Advertisement -

Освен тоа, 40 месеци после стапувањето на сила на директивата тие правила ќе почне да се применуваат и за сите преносни компјутери, кои исто така ќе можат да се полнат со единствен полнач.

(Zimo)

- Advertisement -

(Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -