Кина ќе ја гради најголемата фарма на ветар во светот

- Advertisement -


Кина планира да ја изгради најголемата фарма на ветар во светт, која ќе биде толку голема што ќе произведува доволно енергија за цела земја со големина на Норвешка.

Чаозу, град во Гуангдонг провинцијата во Кина, ги откри своите амбициозни планови за изградба на 43,3-гигаватна фабрика во Тајванскиот Проток. Соларната фарма ќе работи на 75 до 185 км од брегот, ќе биде долга 10 км и ќе има илјадници моќни турбини. Поради ветровитата локација, овие турбини ќе работат со ефикансост од 43% до 49% во секој момент.

- Advertisement -

Ќе се започне со работа на проектот пред 2025 година. Кога ќе биде довршен, ќе ги засени сите постоечки фарми на ветар. Моментално титулата најголема фарма на ветар во светот ја држи Jiuquan Wind Power во Кина, која е масивна 20-гигаватна фарма.

За споредба, новата фарма ќе има капацитет од 43,3 гигавати, но колку е тоа всушност? Еден гигават има 1 милијарда вати и потребни се 3 милиони соларни панели за да се генерира 1 гигават струја. 1 гигават е доволен за напојување на 100 милиони ЛЕД сијалици или 300.000 просечни еврпски домаќинства. Тоа значи дека новата кинеска фарма ќе може да напои 4,3 милијарди ЛЕД сијалици или 13 милиони домови.

- Advertisement -

(Euro News)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -