Неочекувано откритие – роевите пчели можат да создаваат поголем електричен набој од облаците

- Advertisement -

Пчелите во рој можат да произведат поголем електричен набој отколку облаците, откри ново научно истражување. Изненадувачкото откритие беше направено кога Елард Хантинг од Универзитетот Бристол во Велика Британија и неговиот тим ја следеле временската прогноза на терен во близина на универзитетот. Хантинг и неговиот тим забележале скок во атмосферскиот електричен набој и покрај тоа што немало никаква бура. Причината за наглиот скок на електричниот набој била таа што во тоа време се приближиле медоносни пчели во роеви. Роењето на пчелите е вообичаено однесување кога тие бараат нов дом. Студијата за тоа е објавена во соисанието Science.

На научниците од порано им било јасно дека поединечно пчелите носат мал набој, но напонот од овие размери никогаш претходно не бил документиран кај роеви пчели.

- Advertisement -

Тимот на Хантинг постабил дополнителни монитори на електрично поле во комбинација со видеокамери за мерење на електричното поле и густината на ројот и почекале пчелите во блиските кошници природно да почнат да се ројат. Истражувачите забележале три роеви како поминуваат покрај мониторите на отприлика 3 минути одеднаш. Податоците кои ги исчитале со инструментите откриле дека роевите пчели создаваат електричен набој во распон од 100 до 1.000 волти по метар. Со анализа на меѓусебната близина на пчелите во роевите откриено е дека колку е погуст ројот, тоа електрично поле било појако.

Хантинг го споредил најголемиот набој на ројот пчели со претходни податоци за метеоролошки настани како што се облаци, грмотевици и наелектризирани песочни бури. Открил дека пчелите надминуваат се по набојот. Густината на набојот на роевите пчели била околу осум пати поголема од облаците кои предизвикуваат грмотевици и шест пати поголема од наелектризираните песочни бури.

- Advertisement -

(New Scientist)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -