Apple подготвува уред со флексибилен екран, но тоа не е iPhone

- Advertisement -

Додека дел од компаниите за мобилни телефони веќе се борат за своето место на пазарот за флексибилни телефони, други подготвуваат такви уреди кои ќе ги претстават наскоро, а трети и понатаму ќекаат и ја следат ситуацијата, затоа што веруваат дека како што напредува технологијата, полесно ќе биде да претстават сопствени телефони со флексибилни екрани. Една од таквите компании е Apple, кој моментално во својата понуда нема уреди со таков екран, а не треба да ги очекуваме ни идната година.

Но, според податоците кои неодамна ги објави аналитичарот Бен Вуд од CSS Insight, тоа може да се смени за две години отсега. Она што е интересно е дека Apple нема да тргне во борба со лидерот на овој пазар, Samsung, туку нивната стратегија е сосема поинаква – во текот на 2024 година можеме да очекуваме iPad со флексибилен екран.

- Advertisement -

Аналитичарот смета дека кога Apple би се одлучил за iPhone со флексибилен екран, тоа би било многу ризичен потег затоа што ако нивниот уред има слични проблеми како екраните на нивните конкуренти, тоа би било голем удар за угледот на компанијата. Исто така, таквиот телефон не би бил евтин – се псоменува цена од дури 2.500 долари.

Моментално за Apple нема смисла да развива флексибилен iPhone, вели Вуд, но таков iPad освен што ќе вдахне нов живот на нивните таблети, ќе биде и добар тест за самата технологија. Во случај тестот добро да помине и корсниците да го одобрат новиот уред, наредниот чекор би бил iPhone со флексибилен екран.

- Advertisement -

(Digital Trends)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -