Создаден нов тип на пластика која се однесува како метал

- Advertisement -

Научници од Лабораторијата Андерсон на Универзитетот Чикаго открија металополимер кој може да се обликува во различни форми и останува стабилен во речиси секаква средина. Пластичниот материјал има метални својстваи останува стабилен кога се загрева, кога се лади, ако се остави да стои или ако се потопи во киселина. Истражувачите велат дека овој материјал ќе биде корисен во медицински уреди кои се преносни или за други видови електронски гаџети.

Материјалот изгледа како црна прашина. Сепак, кога ќе се стави на некоја површина во текон слој останува таму и сјае, вели д-р Џон Андерсон, еден од авторите на студијата.

- Advertisement -

Електричната проводливост е исто така многу битно својство и е присутно кај материјали чии електрони се движат слободно. Новиот материјал е металополимер составен од синџири молекули од сулфур, карбоксин и водород со никел на редовни интервали. Материјалот е многупроводлив, иако е аморфен.

Истражувачкиот тим нема цврста теорија зошто се случува тоа, но нивната хипотеза вели дека синџирите од полимери формираат раштркани форми како растурени карти на маса. Тие раштркани низи креираат материјал кој е аморфен, но одозволуваат слобоен тек на електрони и вертикално и хоризонтално.

- Advertisement -

Истражувачите велат дека има многу потенцијални примени на овој материјал. На пример, тие велат дека материјалот ќе може да се испрска на површина и на некои уреди.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -