Професии кои целосно ќе се трансформираат во наредните 10 години

- Advertisement -

Замислете еден ден вашиот работодавец да ве викне во канцеларија и да ви рече дека од тој ден натаму сте бескорисни. Тоа не е реченица која некој очекува да ја чуе, но реалноста дека тоа може да се случи е се поголема. Научниците и развојот на технологијата наскоро целосно ќе ги трансформираат овие професии. И тоа многу брзо.

Во наредните 10 години поради се што ни овозможуваат интернетот и развојот на технологијата ќе се сменат многу професии и работни места на кои денес се наоѓаат 1,2 милијарди луѓе во светот. Станува збор за професии кои се однесуваат на дури 50% од светската економија.

- Advertisement -

1.Возачи на такси

Многумина ќе останат во оваа рпофесија целиот работен век, а идеална е за луѓето кои сакаат да возат и сакаат предизвици на патот. Меѓутао, технологијата овозможува развој на автономни автомобили, кои професијата такси возач ќе ја испратат во историјата. Развојот на автономните возила почна уште во 80-тите години од минатиот век, и тоа во воената иднсутрија. Бидејќи се повеќе се работи на развојот, американската компанија за истражување на пазарот специјализирана за напредна технологија IDTechEx процени дека во Америка веќе за две години автономните автомобили ќе бидат на исто ниво како обичните, а од 2050 година ќе ги исполнуваат сите транспортни потреби во целиот свет. Оваа прогноза можеби звучи многу неверојатно за многу луѓе, но најбитниот предуслов за тоа веќе е исполнет – 5G мрежата.

- Advertisement -

2.Благајници/касиери

Првенствено се мисли на благајници, односно касиери во супермаркети. Трендот на заменување на касиерите со самопослужни каси веќе е присутен во светот. Во овој момент кај нас нема такви каси, но кај нашите соседи веќе се поставуваат такви каси и наскоро ќе ги има и кај нас. Овој тренд се шири затоа што купувачите се повеќе имаат потреба за брзи и поедноставни услуги. Колку време ќе помине додека таксвите каси целосно ги зменат луѓето тешко е да се прогнозира, но факт е дека сме технолошки спремни за тоа.

- Advertisement -

3. Работници на шалтер

Иако можеби изгледа незамисливо кај нас таквите работници да ги замени технлогија, тоа е се поверојатно. Пред само десетина години човекот беше потребен за се поврзано со бирократија, а денес тоа веќе не е така. На пример, услугите во банка. Денес најголем дел од нив може да се завршат онлајн. Многу апликации овозможуваат едноставен трансфер на пари, плаќање сметки и сл. Интернетот и развојот на технологијата ги направија многу услуги подостапни и поедноставни и побрзи од кога било.

4.Работни места во земјоделство

Земјоделството е уште3 една гранка каде што со механизацијата се губат работни места. Одамна помина времето кога се се правеше рачно, а денес постои машина речиси за секоја активност која ја вршеле луѓето и целиот процес е многу побрз и поефикасен. Машини сеат, машини берат, машини го проценуваат квалитетот на плодовите, дронови ги надгледуваат посевите и сл. Можеме само да замислиме каква иднина го очекува земјоделството.

5. Работи кои може да ги замени вештачка интелигенција

Уште од 2016 година светот беше одушевен од првиот хуманоиден робот Софија. Софија од првиот ден направи многу интервјуа, го изрази своето мислење за многу битни теми во општеството. Гостуваше на многу емисии како „60 Minutes with Charlie Rose“ и „Good Morning Britain“, но учествуваше и во многу интервјуа за списанија како Forbes, Mashable, New York Times, Wall Street Journal, Guardian и сл.

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -