Facebook воведува можност за бришење на историјата на пребарување

- Advertisement -

Социјалната мрежа Facebook работи на нова команда за бришење на историјата на пребарување, која на корисниците ќе им овозможи да ја избришат целата историја, изјави главниот извршен директор на компанијата, Марк Цукерберг.

Тој на својот профил на Facebook напиша дека планира дискусијата за воведувањето на новата команда да започне на годинашната F8 конференција.

- Advertisement -

Новата функција наречена „Clear History“ ќе биде слична на опцијата на веб-пребарувачите за корисниците да ја исчистат нивната историја и колачиња.

„Едно нешто што сфатив во текот на сведочењето пред Конгресот е дека немав доволно јасни одговори на одредени прашања за податоците“, напиша Цукерберг.

Сподели!
- Advertisement -