Маск воведува радикални промени на Twitter

- Advertisement -

Откако конечно се случи аквицизијата на Twitter, Илон Маск почна со радикални промени, кои нема да им се допаднат на многумина. Прво, веднаш им даде отказ на некои од главните луѓе во компанијата. Исто така, по мрежата кружат гласини за масовни откази на вработени кои ќе следуваат, но незадоволни изгледа ќебидат и корисниците на социјалната мрежа.

Имено, познато е дека Маск сака Twitter да остварува големи приходи од претплата, а благодарение на извештај на The Verge, сега знаеме и на што конкретно мислел. Прво, сака верификацијата на корисниците да стане дел од претплата за Twitter Blue. Тоа значи дека сите кои имаат таква опција која го потврдува нивниот идентитет сека ќе мора да платат ако сакаат да ја задржат.

- Advertisement -

Другата голема промена исто така се однесува на таа претплата. Моментално даа изнесува 5 долари, но според планот на Маск, тој износ веројатно ќе се зголеми на можеби 20 долари месечно. Корисниците ќе имаат рок од три месеци во текот на кој ќе мора да станат претплатници, а ако не почнат да плаќаат претплата, после три месеци нема да ја имаат таа опција.

Според пишувањето на медиумите, Маск не им дал премногу време на вработените кои оваа опција мора да ја лансираат до 7 ноември. Во спротивно ќе добијат отказ.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: newsprima.it)

Сподели!
- Advertisement -