Тимот на Мартин Саздов oд Свети Николе е најдобариот Dota 2 тим во светот!

- Advertisement -

Dota 2 тимот Tundra Esports каде што игра и Мартин Саздов – Сакса го освои The International 11 – Dota 2, откако во финалето ги победија Team Secret со резултат од 3-0. Победата на овој турнир му ја доделува на тимот титулата најдобариот Dota 2 тим во светот и награда за прво место од околу 8.000.000 долари, објави gg.mk.

Тимот Tundra Esports остана непоразен во текот на целата фаза од натпреварувањето на оваа игра, губејќи само четири мапи во групната фаза и само една на главната фаза.

- Advertisement -

Како што пренесува gg.mk, Мартин Саздов од Свети Николе, детето кое што пред неколку години дома немаше добар интернет и компјутер да игра Dota 2 сега е во листата на шампионите. Пред неколку години со тимот на „OG“ исто така успеа да стигне до финалето, но изгубија и го освоија второто место.

Сподели!
- Advertisement -