Нова студија откри антитело кое спречува маларија

- Advertisement -

Ново истражување даде докази дека постои ефективен начин да се спречи возрасни да се разболат од маларија. Клиничкото истражување беше спроведено од страна на Националните институти за здравство, кој е меидицнкси истражувачки центар во САД. Во студијата учествувале здрави жени од Мали кои не биле бремени и тие примиле доза од антитела во текот на шестмесечната сезона на маларија.

Антителата покажале 88% ефикасност во спречување на развој на маларија во период од 24 недели. Третамнот по прв пат докажал дека моноклонално антитело може да споречи инфекција со маларија во ендемичен регион, што значи дека натителата од белите крвни клетки може да се користа за ефективно спречување маларија во регион каде што маларијата е шприоко распространета. Студијата вчера беше објавена во списанието The New England Journal of Medicine.

- Advertisement -

Маларијата е болест која ја пренесуваат комарците, а минатата година од неа заболеле околу 241 милион луѓе во светот, покажуваат најновите податоци од Светската здравствена организација. Се пренесува кога комарец ќе инјкетира паразити во кожата и крвотокот на луѓето. Кога ќе навлезе во организмот, оди до црниот дроб, каде што се размножува и се шири.

Инфекцијата со маларија годишно резултира со околу 630.000 смртни случаи, од кои најголем дел се деца во супсахарските земји во Африка. Меѓу баолените има и милиони бремени жени во Африка, што резултира со околу милион новороденчиња со недоволна телесна тежина, што значително го зголемува ризикот да се разболат и да умрат.

- Advertisement -

Моментално единствената вакцин за маларија која ја препорачуваат од Светската здравствена организација е Mosquirix, која безбедува делумна заштита кај деца од 5 до 17 месеци, ако се дава во четири дози во период од 20 месеци. Друг третман е лек направен од хемиски состојки кои ја спрчеуваат болеста, но мора да се зема често и телото со тек на време може да стане имуно на него.

За новата студија д-р Робер Седер од NIAID центарот за истражување вакцини изолирал природна форма од антителото кое се наоѓало во крвта на доброволец, кој имал примено вакцина. Потоа антителото било модифицирано за да се продолжи времето на постоење во крвотокот. Во втората фаза од студијата учествувале 369 луѓе, сите здрави возрасни на возраст од 18 до 55 години.Сите живееле во Мали, каде што од јули до декември е сезона на маларија.

- Advertisement -

Во првиот дел од студјата се испитувала безбедноста на три различни дози на моноклоналното антитело. Дозите биле од 5 милиграми на килограм телесна тежина, 10 мг/кг и 40 мг/кг. Секоја доза била давана интравенозно. ven intravenously.Вториот дел од студијата се фокусирал на ефикасноста на дозите наспрема плацебо.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -