Успешно исплови првиот брод во светот кој користи енергија добиена од ветрот

- Advertisement -

Првиот брод во светот кој користи делумно енергија од ветрот исплови од пристаништетот во Њукасл на своето прво патување. Како што напишаа на страницата на пристаништето, бродот наречен Shofu Maru е уникатен брод кој ќе ја намали емисијата на стакленички гасови за околу 5% на своето патување од Австралија до Јапонија.

Ова е првиот товарен брод кој превезува јаглен кој ја користи новата технологија, и токму затоа и го нарекуваат и Wind Challenger. Бродот е првииот таков во светот и го означува почетокот на враќањето на ветрот како погоноска сила и извор на енеергија, а со тоа и почеток на нова ера во модерниот транспорт.

- Advertisement -

Јапонската компанија MOL, која го направи бродот, сака да направи уште еден таков систем. Според договорот, MOL ќе управува со бродот додека не биде комплетно заврпен во 2024 година. Потоа компанијата Enviva, која е специјализирана за биоенергија добиена од дрво, ќе го користи бродот за транспорт на пелети од дрво.

Се проценува дека со користење на ротори и со системот на Wind Challenger емисијата на стакленички гасови ќе се намали за просечно 20%. Shofu Maru има телескопски едранаправени од оптички влакна кои се издигаат до висина од 55 метри и може да превезува до 80.000 тони јаглен.

- Advertisement -

Според прелиминарните тестови, компанијата предвидува дека ќе троши и 5% помалку гориво на патот од Австралија до Јапонија.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -