Илон Маск откри колку ќе биде претплатата за Twitter

- Advertisement -

Илон Маск откри дека претплатата на Twitter ќе биде 8 долари месечно за сите корисници кои сакаат да имаат син беџ покрај сликата од профилот што ќе означува дека е проверен.

Како дел од промените после аквизицијата вредна 44 милијарди долари Маск вели дека ова е неопходно за да се победат спам профилите и измамите. Моментално таквата ознака за проверен профил е бесплатна.

- Advertisement -

Критичарите велат дека воведувањето на таква претплата ќе ја отежни идентификацијата од потврдени извори.Маск, кој воедно е и најбогат човек во светот, додава дека корисниците кои ќе плаќаат ќе имаат приоритет во коментарите и пребарувањата и половина од рекламите кои ги има кај другите.

“Моќта на луѓето! Сино за 8 долари месечно“ напиша Маск на Twitter, критикувајќи го стариот метод на верификација.

- Advertisement -

Бидејќи дезинформацијата е проблем на многу платформи, верификацијата е еден од начините на кој новинарите, академските истражувачи и некои од корисниците можат да ја филтрираат дезинформацијата од квалитетните информации. Ако се нудат сини значки за пари, се отежнува филтрирањето на дезинформациите, велат некои поранешни вработени во Twitter.

За да се добие таа сина значка претходно корисниците трбало да пополнат краток формулар онлајн и главно се давала на тие чии идентитети биле таргет на лажно претставување, како што се славните личности, политичарите и новинарите.

- Advertisement -

(BBC)

(фото: newsprima.it)

Сподели!
- Advertisement -