ВИДЕО: Во Кина претставен првиот целосно електричен автомобил со вертикално полетување

- Advertisement -

XPENG AEROHT, најголемата компанија за летачки автомобили во Азија, минатата недела ја претстави најновата верзија на првиот целосно електричен автомобил во светот со вертикално полетување и слетување.

Дизајниран е за возење и по копно и по воздух и има ротоски систем за незабележително конвертирање од возење во летање. Опремен е со нов систем за контрола на летањето и двоен резервен мотор за поголема безбедност.

- Advertisement -

Моделот е сличен со претходната верзија на автомобилот со хоризонтално полетување, но е оптимизиран со нова мултироторска конфигурација. За да се зголеми безбедноста при летање целиот систем е дизазјниран помалку комплексен од претходните.

Досега овој автомобил успешно го заврши својот прв тест лет, а поминал и многу тестови за грешки на моторот. Кога се вози, овој електричен летачки автомобил функционира како обичен автомобил. Сепак, кога лета, прототипот се пилотира со користење на воланот и менувачот за брзини.

- Advertisement -

Има целосна слобода на движење – да оди напред, назад, да врти, да се искачува, да лебди и да слегува. Се додека дозволуваат законите и регулативите, може да полетува и да слетува вертикално, да лета над сообраќаен метеж, да прелетува пречки и реки на пократки растојанија.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Xpeng Aeroht)

Сподели!
- Advertisement -