Паневропската стриминг платформа го најавува своето понатамошно проширување во Европа.
Услугата ќе започне со емитување програма во Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија и Словенија на 14 декември 2022 година.
Албанија, Чешка, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија и Словачка ќе добијат пристап до услугата во февруари 2023 година.
SkyShowtime – новата голема стриминг платформа во Европа – вечерва одржа ексклузивен настан во Амстердам по повод лансирањето на услугата на нов пазар, на која присуствуваа интернационално познати личности и лидери од светот на стриминг услугите.
Најавувајќи ја големата вест од самата сцена, Извршниот директор на Sky Showtime Монти Сархан откри дека сервисот ќе биде лансиран во декември оваа година низ повеќе земји од Централна и Источна Европа. Премиум понудата на SkyShowtime со ексклузивна и популарна забавна содржина ќе биде достапна во Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија и Словенија од 14 декември. А потоа, стриминг услугите ќе станат достапни и во Албанија, Чешка, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија и Словачка од февруари 2023 година.
Спојувајќи ја најдобрата филмска содржина од најголемите светски студија и раскажувачи, SkyShowtime нуди илјадници часови квалитетна забава за целото семејство. Гледачите на сервисот ќе можат да најдат широка селекција од најбараните и најочекуваните серии и филмови во светот.
„SkyShowtime е создаден за европскиот пазар и навистина сме возбудени што конечно можеме да им кажеме на нашите претплатници од Централна и Источна Европа дека сега е време за SkyShowtime. На наше огромно задоволство, отсега SkyShowtime ќе им нуди ексклузивен пристап до сериите и филмовите од некои од најпознатите светски студиa, но и премиум канал за добивање на квалитетна локална забавна содржина. По успешното лансирање во Северна Европа и Португалија, проширувањето кон овој пазар и овозможувањето на достапност на SkyShowtime до што повеќе луѓе ширум Европа е важно достигнување за нас“, вели Монти Сархан, Главен извршен директор на SkyShowtime.
Водител на настанот за најавување на официјалниот почеток на стримингот во Европа беше наградуваниот филмски новинар и ТВ личност, Алекс Зејн, кој откри дека почетокот на новата, ексклузивна програма на SkyShowtime ќе биде достапна за стриминг во следните месеци.
Програмата на SkyShowtime ќе вклучува премиери на светски блокбастери, нови премиум авторски серии, семејна содржина и содржина за деца, но и внимателно избрана селекција на наслови и пакети од Universal Pictures, Paramount Pictures, Nickelodeon, DreamWorks Animation, Paramount+, SHOWTIME, Sky Studios и Peacock – сѐ на едно место. На SkyShowtime исто така ќе може да се најде локална оригинална содржина, како документарни филмови и серии и специјално продуцирани содржини.
Дел од ѕвездите од оригиналната продукција на SkyShowtime присуствуваа на настанот, меѓу кои Итан Пек и Ребека Ромијн од серијата „Star Trek: Strange New Worlds“, Демиан Бишир од „Let The Right One In“, како и Клара Ругард од „The Rising“. Во публиката беа уште и Бокем Вудбин и Јерин Ха од „Halo“, Џејк Лејси и Колин Хенкс од „A Friend of the Family“, како и Џеф Вилбуш и Џулијана Кенфилд од „The Calling“.
SkyShowtime најпрво беше лансирана во Данска, Финска, Норвешка и Шведска на 20 септември оваа година, пред да се прошири и на пазарите во Холандија и Португалија на 25 октомври. По официјалниот почеток на програмата во БиХ, Бугарија, Косово, Црна Гора и Словенија, SkyShowtime ќе стане достапна за стриминг во Шпанија, Андора и Централна и Источна Европа во текот на првиот квартал од 2023 година.
За SkyShowtime
SkyShowtime е нов стриминг сервис сега достапен во Данска, Финска, Норвешка, Шведска, Холандија и Португалија. SkyShowtime ќе продолжи да ги шири своите услуги кон Шпанија, Андора, Централна и Источна Европа во текот на следните месеци и во првиот квартал од 2023 година.
Услугите на SkyShowtime ќе бидат присутни во повеќе од 20 европски пазари, спојувајќи преку 90 милиони домови. Во иднина, стримингот ќе биде достапен и во Албанија, Андора, БиХ, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Унгарија, Косово, Црна Гора, Холандија, Северна Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска.