Кинески научници произведоа кислород користејќи ја почвата на Месечината

- Advertisement -

Група научници од Кина објавија интересен научен труд, во кој е опишана постапката со која од примероци од почвата на Месечината успеале да добијат ракетно гориво. Како што наведоа во студијата објавена во научното списание National Science Review, додека ги истраживале примероците од Месечиината откриле дека може да ја искористат како катализатор за претворање на јаглерод диоксидот и водата од телата на астронаутите и од околината во метан и кислород.

Една од предностите може да биде тоа што за целиот процес не биле потребни луѓе, туку можел да се автоматизира. Иако можеби не изгледа како револуционерно откритие, токму тоа би можело да биде пресудно да идните патувања во вселената затоа што би овозможило создавање на ракетно гориво во текот на самото патување.

- Advertisement -

Искористувањето на почвата на Месечината за создавање на ракетно гориво и кислород е клучно за испраќање на човечки екипаж во мисија за истражување на Месечината, вели главниот автор на студијата, Јуџи Ксионг. Ако ги земеме предвид ограничените ресурси кои ги имаме при истражување на вселената, предлагаме користење на роботски системи кои би можеле да ги направат потребните подготовки за поставување на целиот електрокаталички систем за претворање на CO2 во гориво.

Сега останува научниците да го тестираат системот.

- Advertisement -

(Phys.org)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -