Маск почна со отпуштањето на околу 50% од вработените во Twitter

- Advertisement -

Една недела откако го купи Twitter, Илон Маск почна да отпушта од работа половина од своите вработени, со што ја продолжува неговата најавена битка со корисниците, огласуваќите издруженијата задолжени за реформирање на влијателните социјални мрежи.

Околу 50% ќе бидат опфатени со отказите, се вели во документ испратен до персоналот на социјалната мрежа кои биле отпуштени од работа вчера. Калифорниската компанија, која на крајот на октомври имаше речиси 7.500 вработени, испрати имејл со околу 1.000 луѓе во кој ги известува дека ќе има привремено затворање на нивните канцеларии.

- Advertisement -

Како што објавија вчера, Twitter го намалува бројот на работници за да помогне компанијата да оздрави. „Ваквите одлуки никогаш не се едноставни и со жалење ве известуваме дека вашето работно место се укинува. Денес е вашиот последен ден на работа“ се вели во еден таков имејл.

Twitter во четвртокот вечерта испратил допис до сите вработени за да ги предупреди на идните откази од работа, наведувајќи дека канцелариите ќе бидат привремено затворени.

- Advertisement -

Вчера петмина самошто отпуштени вработени во Twitter подигнаа туѓба против компанијата со образложение дека не им е одобренн 60-дневниот отказен рок кој е предвиден со американскиот закон во случај на масовно отпуштање од работа. Најголем број од отпуштените работници се менаџери, вработени во одделите маркетинг и дизајн, велат анонимни вработени.

Маск вчера ги повика експертите од Teslа темелно да ја анализираат работата на вработените во Twitter. Илон Маск се залага за таква слобода на говорот која ќе ги ублажи правилата за модерирање содржини на платформите, со што се изложува на критики и на некоја поголема злоупотреба, велат неговите критичари.

- Advertisement -

Некои компании веќе се одлучија дека повеќе нема да огласуваат на Twitter, меѓу кои е и големата американска прехранбена компанија General Mills, американскиот производител на автомобили General Motors и неговиот германски конкурент Volkswagen.

(Dnevnik.hr)

(фото: newsprima.it)

Сподели!
- Advertisement -