Макстил е прогласена за општествено одговорна компанија на годината од страна на Општина Гази Баба. Плакетата беше доделена на Свечената академија по повод одбележувањето 46 години од основањето на Општина Гази Баба, а се доделува за големиот придонес што компанијата го има направено во подобрување на состојбите во општината и за спроведени активности кои директно влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните.
Признанието за општествено одговорна компанија на годината Макстил го доби за успешната соработка со општината и покажаната општествена одговорност преку бројните проекти и донации за локалната заедница и за граѓаните на Гази Баба. Донацијата на првиот мултифункционален парк со детско игралиште и опрема за вежбање на површина од 2000 м2 е најновиот од низата донаторски проекти. Дел од ангажираниот однос на компанијата кон општината се и донацијата на таблет компјутери, изградба на летниковец во парк шумата Гази Баба, раззеленување на повеќе локации во општината, меѓу кои археолошкото наоѓалиште Тумба Маџари, Неолитско село, (населба Ченто), потоа во Паркот на 12те Апостоли и Меморијалниот парк на Горан Стоименовиќ, како на основните училишта „Стив Наумов“ и „Григор Прличев“. Исто така, Макстил како општествено одговорна компанија ги поддржува и иницијативите на општината што претставуваат општо добро за граѓаните, како хуманитарната акција „Биди општествено одговорен – ДОНИРАЈ”, преку донација на 100 пакети со храна за социјално загрозени категории на семејства и граѓани. Макстил и понатаму ќе продолжи да ја поддржува општината преку низа проекти и активности со кои сака да даде позитивен пример, а за овој месец компанијата најави дека планира повторно садење садници и раззеленување на општината.