Арктички пожари со големина на Белгија испуштија 256 милиони тони јаглерод диоксид

- Advertisement -

Научници тврдат дека покачувањето на глобалните температури предизвика појава на многу арткички мегапожари, што дава ново објаснение за 3 милиони хектари изгорена површина на сбирски Арктик. Новта студија беше објавена на 3 ноември во списанието Science.

Според истражувањето, пожарите на Арктикот веќе се менуваат како последица на затплувањето, а тоа влијае на количината јаглерод диоксид која се испушта во атмосферата. Но, освен тоа, можеме да очекуваме ваквите мегапожари да станат уште почести до крајот на овој век ако температурите продолжат да растат со ова темпо.

- Advertisement -

Во 2019 и во 2020 година имало невообичаено висок број на пожари на сибирски Арктик. Научната заедница беше алармирана затоа што Арктикот содржи огроман количина пермафрост или траен мраз, во кој се складирани огрокни количини јаглерод диоксид. Ако пермафростот се оштети од пожарите, ќе се испуштат многу стакленички гасови, особено СО2.

Не е уште одлучено дали покачениот број на пожари на Арктикот е еднократна појава или е најава за она што ќе се случува на Арктикот ако Земјата уште повеќе се загрева. Со користење сателитски снимки од 1982 до 2020 година во изгорениот регион во Сибир група интернационални истражувачи под водство на Адриа Дескал и Јозеп Пеуелас од Шпанскиот совет за научни истражувања ја анализирале и ја мереле емисијата на CO2 во тој дел. Регионот што го истражувале се наоѓа над Арктичкиот круг и покрива 286 милиони хектари.

- Advertisement -

Сателитските снимки откриле врска меѓу ризикот од пожари и покачувањето на температурите во изминатите четири децении. Студијата открила дека околу 4,7 милиони хектари биле изгорени во период од една година – 2019 и 2020 – со што се испуштиле 412,7 милиони тони CO2. Само во 2020 година имало 423 пожари, во кои изгореле 4 милиони хектари (што е еднакво на површината на Белгија!) и предизвикале емисија на 256 милиони тони CO2. Тоа е исто колку годишната емисија на цела Шпанија.

Авторите на студијата велат дела летото 2020 година било најтопло во последните четири децении, па затоа имало најмногу пожари.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -