Раст на инфлацијата!

- Advertisement -

Индексот на цените на мало во октомври 2022 година бележи зголемување од 15,4 отсто во однос на октомври 2021 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Индексот на трошоците на животот за минатиот месец пак е зголемен за 19,8 отсто во споредба со истиот месец лани.

Според податоците на ДЗС, во октомври најмногу поскапеле свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови и тоа за 7,3%, млекото за 5,9%, сирењето и урдата за 5,7% и месото за 3,6%, споредено со септември.

- Advertisement -

Намалување на цените во однос на септември ималој кај свежото и разладеното овошје за 3,6% и маслото и маснотиите за 0,8%.

Поголемо намалување на цените е забележано кај услугите за сместување за 12,4% и туристичките аранжмани за 10,4%.

- Advertisement -

Во септември, инфлацијата беше 14,7 отсто, додека во август беше 14,2 отсто, што претходно беа рекордни бројки.

Сподели!
- Advertisement -